На оваа страница можете да најдете објаснување за некои од основните функционалности на мобилната апликација Калориски Калкулатор. Ако информацијата што ја барате ја нема тука, можете да ни пишете на Facebook или на е-пошта [email protected].
Од страничното мени изберете Храна. Во полето за пребарување на екранот што ќе се отвори, напишете го името на храната што ја барате. Ако сакате да барате храна во одредена категорија, прво кликнете на неа, а потоа напишете го името на храната.
Од страничното мени изберете Храна. Во горниот дел на екранот што ќе се отвори има слика на баркод. Кога ќе кликнете на неа, се отвора прозорец во кој можете да го скенирате баркодот на храната.
• За да ја користите оваа функционалност, потребно е да сте најавени во профилот преку Facebook/Google.
Од страничното мени изберете Храна. Во горниот дел на екранот што ќе се отвори има слика на баркод. Кога ќе кликнете на неа, се отвора прозорец во кој можете да го скенирате баркодот на храната. По скенирањето на баркодот се отвора прозорец во кој ќе можете да изберете дали сакате да ја додадете храната.
Потоа треба да ги пополните податоците за храната, како што се брендот/производителот, името на производот, описот и категоријата. Откако ќе ги внесете, ќе се прикаже копчето „Напред“. Ќе можете да ги внесете и хранливите вредности на храната. Откако ќе ги внесете, ќе се прикаже копчето „Создај“.
• За да ја користите оваа функционалност, потребно е да сте најавени во профилот преку Facebook/Google.
• За да додадете храна, хранливите вредности треба да се однесуваат на 100 g.
Храната внесена преку баркод не може да ја уредува или брише корисникот. Потребно е да ни пишете на Facebook или на е-пошта [email protected], за да го направиме тоа наместо Вас.
Изберете ја саканата храна, отворете ја и кликнете на иконата лево од количината. Потоа ќе можете да го изберете видот на оброкот.
Од страничното мени изберете Дневник. Таму ќе ги најдете консумираните храни од денес, поделени во категориите појадок, ручек, вечера или закуска.
За да ги видите внесените оброци за друг ден, користете ги стрелките ⬅️ или ➡️.
Од страничното мени изберете Дневник. На екранот што ќе се отвори ќе ги најдете консумираните храни. Користете ги стрелките ⬅️, ➡️ за да отидете до денот во кој се наоѓа храната што сакате да ја дуплирате. Повлечете ја храната што сакате да ја дуплирате оддесно налево. Ќе се појави копче за дуплирање. Кликнете на него и на екранот што ќе се отвори внесете ја количината и денот во кој сакате да ја дуплирате храната.
• Можете да дуплирате и цел оброк: појадок/ручек/вечера или закуска.
Откако ќе ја најдете саканата храна преку пребарувањето, десно од неа има ѕвездичка ⭐. Кога ќе кликнете на неа, таа се пополнува со жолта боја и храната се зачувува како омилена.
• За да ги најдете храните означени како омилени, кликнете на ѕвездичката над пребарувањето на храна.
Од страничното мени изберете Храна. Кликнете на Мојот Рецепт. Во горниот десен агол ќе видите копче ➕. Кликнете на него и изберете Нов производ. Внесете го името и хранливите вредности на производот и зачувајте ги. Потоа ќе можете да го најдете производот преку пребарувањето на храна.
Од страничното мени изберете Храна. Кликнете на Мојот Рецепт. Во горниот десен агол ќе видите копче ➕. Кликнете на него и изберете Нов рецепт. Внесете го името и состојките на рецептот и зачувајте ги. Потоа ќе можете да го најдете рецептот преку пребарувањето на храна.
Од страничното мени изберете Храна. Потоа изберете ја категоријата Мојот Рецепт. Најдете го рецептот, притиснете го и задржете. Ќе можете да го уредите. По уредувањето зачувајте ги промените со копчето за зачувување ✔.
• Храната мора да биде отворена од Мојот Рецепт за да може да се уредува.
Од страничното мени изберете Храна. Кликнете на Мојот Рецепт. Изберете ја и кликнете на храната што сакате да ја споделите. Во горниот десен агол ќе најдете копче за споделување. Ќе се отвори екран со пребарување. Напишете го името на лицето на кое сакате да му го испратите рецептот.
• Може да се споделуваат само храни од Мојот Рецепт.
• Потребно е примачот да ја има инсталирано апликацијата и да е најавен во профилот преку Facebook/Google.
Од страничното мени изберете Споделени со мене. Таму се сите рецепти што Ви се испратени и чекаат да ги прифатите. Откако ќе прифатите рецепт, можете да го најдете преку пребарувањето на храна.
• Кога ќе Ви испратат рецепт, ќе добиете известување.
Од страничното мени изберете Дневник. Потоа најдете ја храната што сакате да ја отстраните, притиснете ја и задржете. Ќе се појави прозорче во кое треба да потврдите дека сакате да ја избришете храната.
Од страничното мени изберете Дневник. Потоа најдете ја храната што сакате да ја уредите и кликнете на неа. На екранот што ќе се отвори можете да ги промените количината, денот и видот на оброкот. На крај кликнете на копчето Зачувај.
Од страничното мени изберете Поставувања. Потоа изберете Профил. На екранот што ќе се отвори можете да ги промените Вашите години, висина, тековна тежина и ниво на активност.
• Со промена на овие параметри ќе се промени и дневниот калориски внес.
Од почетниот екран изберете Детали. Ќе се прикажат тековните поставки. За да ги промените, кликнете на моливчето. Прилагодете ги јаглехидратите, протеините или мастите со лизгачот. Потоа кликнете на "✔".
• За да ги зачувате поставките, збирот на јаглехидратите, протеините и мастите мора да изнесува 100%.
• За да ги вратите почетните поставки, кликнете на "🔁".
• За да ги зачувате промените, потребна Ви е активна претплата.
Од почетниот екран изберете Детали. Ќе се прикажат тековните поставки. За да ги промените, кликнете на моливчето. Прилагодете ги калориите со лизгачот. Потоа кликнете на "✔".
• За да ги вратите почетните поставки, кликнете на "🔁".
• За да ги зачувате промените, потребна Ви е активна претплата.
Кликнете на една од хранливите материи во графиконот Калориски сооднос на почетниот екран. Ќе се отвори приказ за соодветната хранлива материја со храните внесени за тековниот ден, подредени според процентот калории што доаѓаат од неа.
• Приказите за протеини и масти бараат активна претплата.
Од страничното мени кликнете на Најави се. Ќе Ви се прикажат две можности за најава - Google или Facebook. Изберете една од нив. Ќе се појави информативен прозорец што Ве прашува дали сакате да продолжите. Откако ќе ги прифатите условите за најава, ќе бидете вратени на почетниот екран.
Откако ќе се најавите:
• ќе можете да го скенирате баркодот на храните за да ги добиете нивните хранливи вредности;
• автоматски ќе се создаде резервна копија на Вашите податоци;
• ќе можете да споделувате рецепти со Вашите пријатели и да примате рецепти од нив;
• ќе можете да ја користите апликацијата на повеќе Android уреди.
Од страничното мени изберете Поставувања. Потоа изберете Потсетници. На екранот што ќе се отвори, кликнете на копчето горе десно за да ги исклучите известувањата.
Од страничното мени изберете Премиум верзија. Лизгајте надолу до полето за внесување промо код. Откако ќе го внесете, притиснете го копчето Примени. Кога ќе заврши вчитувањето, цената на претплатата за која важи промо кодот ќе се ажурира.
Со купување претплата добивате пристап до следните функционалности:
• можност да го поставите саканиот процентен сооднос меѓу јаглехидрати/протеини/масти
• можност прецизно да го прилагодите саканиот дневен калориски внес
• пристап до сите достапни хранливи вредности, вклучително и влакна, заситени масни киселини, холестерол, гликемиски индекс и други
• подредување на внесената храна според тоа колку секоја хранлива материја придонела кон вкупно внесените калории (подредувањето според јаглехидрати е бесплатно, а за подредување според протеини/масти е потребна претплата)
• отстранување на рекламите од почетниот екран
Од страничното мени изберете Премиум верзија. Одете до претплатата што сакате да ја купите. Кликнете на неа. На екранот што ќе се отвори изберете начин на плаќање и потврдете го плаќањето.
• Апликацијата нуди претплати што се наплаќаат на секои 1, 3 или 6 месеци.
По успешното плаќање, купената претплата ќе се обои во розова боја и ќе имате пристап до сите функционалности.
Важно: Претплатата се склучува во продавницата од која е преземена апликацијата. Тоа е Google Play или Huawei App Gallery. Поради тоа, претплатата не може да се откаже од апликацијата Калориски Калкулатор, туку се откажува во самата продавница.
Отворете ја апликацијата Google Play. Потоа кликнете на профилната слика во горниот десен агол. Ќе се отвори екран на кој треба да изберете Плаќања и претплати или Subscriptions. На екранот што ќе се отвори ќе се прикажат тековните претплати. Кликнете на претплатата што сакате да ја откажете. Следете ги чекорите за откажување на екранот што ќе се отвори.
• Претплатата ќе остане активна сè додека не истече платениот период.